Хроника Алфите изминатиот месец уапсиле 221 лице

Алфите изминатиот месец уапсиле 221 лице

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ извршиле легитимирање на 1.428 лица, прегледале 18 автомобили, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лице, информираат од МВР.

По основа на телеграма биле приведени 38 лица, поради потраги, гласник, наредба од основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19 лица, по извршено кривично дело – 24, на местото во вршење на кривично дело биле приведени 11 лица, за издржување казна затвор – 10 лица, за утврдување идентитет – четири лица и за недозволени предмети приведени се четири лица.

За нарушување на јавниот ред и мир биле приведени 37 лица, за поседување опојни дроги – 38 лица, со патничко моторно возило биле приведени 27 лица, а со товарно возило и мотоцикл – по две лица.

Алфите имале 11 асистенции при вршење претрес на дом и други простории.