Економија Алексов: Економијата не трпи поради политиката

Алексов: Економијата не трпи поради политиката

Според макроекономските параметри, економската состојба во Македонија е во рамките на предвидувањата.

Ова денеска го истакна извршниот директор на Сојузот на стопански комори (ССК), Митко Алексов, како одговор на прашањето за влијанието на политичката ситуација врз економијата.

– Ги очекуваме резултатите од првиот квартал од БДП за да видиме дали ќе се оствари проектираниот пораст од 4 отсто. Според активностите на носечките сектори, како што се градежната, металската, метало-преработувачката, рударската, текстилната, прехранбената индустрија, се очекуваат поволни резултати – изјави Алексов.