Македонија Александар Чапаровски доби условна казна по обвинението за поткуп

Александар Чапаровски доби условна казна по обвинението за поткуп

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој беше обвинет за поткуп, доби условна казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело.

Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. Го пријавил родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал илјада евра за издавање потврда со која детето требало да замине на лекување во странство. При извршениот претрес во канцеларијата и во домот на Чапаровски беа пронајдени поголема сума денари и девизи.

По ова, тој беше приведен и помина 13 дена во притвор, по што беше пуштен на слобода, давајќи парична гаранција.