Хроника Албански државјанин приведен поради илегален престој

Албански државјанин приведен поради илегален престој

На граничниот премин Јажинце вчера бил приведен албански државјанин кој престојувал илегално во земјата, соопшти полицијата.

Албанскиот државјанин Џ.Д. (35) бил приведен во 13 часот додека се обидувал да ја напушти земјава.

Околу 15 часот, тој бил предаден на тетовската полиција, од каде потоа бил изведен пред дежурен судија за прекршоци, кој донел решение за протерување со едногодишна забрана за влез во Македонија.