Хроника Албански државјанин го избол со нож зетот во скопско Долно Мојанци

Албански државјанин го избол со нож зетот во скопско Долно Мојанци

Скопската полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Б.Ш. (34), осомничен дека пред три дена со нож го избол сопругот на неговата сестра, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, осомничениот во саботата отишол во домот на неговиот зет Ј.Ш. (61), во селото Долно Мојанци, и без повод и причина го нападнал со кујнски нож, нанесувајќи му убодна рана во левата плешка. Осомничениот по нападот побегнал од куќата, а Ј.Ш. бил пренесен во Клиничкиот центар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

По преземени мерки, полицијата го пронашла и привела Б.Ш., против кого е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда.