Свет Балкан Албанија уништила половина милион стебла канабис

Албанија уништила половина милион стебла канабис

Половина милион стебла канабис се уништени од почетокот на годината, а 240 лица се осомничени за одгледување и трговија со марихуана, изјавија албанските власти.

Портпаролот на албанското Министерство за внатрешни работи Арди Бита изјави дека борбата против производство на дрога е „главен приоритет“ за полицијата.

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека приоритет на Владата, избрана во 2013 година, е борбата против дрогата.