Свет Ал Багдади е сигурен во победа на ИД во Мосул

Ал Багдади е сигурен во победа на ИД во Мосул

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави дека е сигурен во победа на ИД во Мосул, а тоа го порача во официјална снимка што ја објави џихадистичката организација.

Ова е прво обраќање на Багдади откако почна офанзивата на ирачкиот град Мосул.
Багдади во порака ги повика луѓето во Мосул да се борат против „божјите непријатели“, а борците самоубијци ги повика да ги „уништат градовите на неверниците“.

Тој на снимката порачува дека ИД нема да се повлече од Мосул.

Ирачките безбедносни сили и курдските борци почнаа офанзива на Мосул на 17 октомври со воздушна и со копнена поддршка на коалицијата против сунитските екстремисти на чело со САД.

Ирачките антитерористички единици во вторникот ја зазедоа зградата на државната телевизија во Мосул, што досега е најважниот објект што го презеле од почетокот на офанзивата против џихадистите на ИД.

Екстремистите на Исламска држава го зазедоа Мосул во 2014 година и тој го претставува нивното последното големо упориште во Ирак.