Македонија Акција на полицијата во кумановско Ваксинце

Акција на полицијата во кумановско Ваксинце

Полицијата од утрово спроведува акција во кумановското село Ваксинце, каде илегално се сместени голем број мигранти.

Според „24 Вести“, која се повикува на МВР, акцијата во Ваксинце е завршена и, според првичните информации, во селото биле откриени повеќе од 100 мигранти, од кои дел биле сместени во куќи.

Против жители на Ваксинце, за кои ќе се утврди дека илегално спроведувале мигранти, ќе бидат поднесени кривични пријави. Дел од медиумите пренесуваат дека за вакви нелегални активности, во акцијата, наводно, биле приведени пет лица, а било пронајдено и едно лице кое се барало со потерница за извршено убиство.

Се очекува МВР во текот на денот да соопшти повеќе детали за акцијата во Ваксинце.