Дописници Акција на „Охрид СОС“: „За чисто блато, ето зато!“

Акција на „Охрид СОС“: „За чисто блато, ето зато!“

По повод Светскиот ден на водите, 22 март, денеска, со почеток во 11 часот, Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ ја организира првата акција за спасување на Студенчишко блато под мотото „За чисто блато, ето зато!“

– Ќе го чистиме просторот кај охридското блато од насобраното ѓубре кое му штети. Дојдете од 11 до 12.30 часот да се запознаеме, да се дружиме и заедно да му помогнеме на Охридско Езеро повторно да дише. Дојдете со вашите семејства, пријатели и познаници. Час и половина одвоен од вашето време ќе му значи многу на езерото. Охридско Езеро е на сите нас – порачуваат организаторите.

Групата „Охрид СОС“ е формирана за да се сврти вниманието и да се информира јавноста за опасностите што му се закануваат на екосистемот на Охридско Езеро, доколку комплетно се реализира идејата за урбанизирање на Студенчишко блато.