Македонија Активисти ќе презентираат студија за штетноста на предложениот ДУП за Карпош 4

Активисти ќе презентираат студија за штетноста на предложениот ДУП за Карпош 4

Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“ од 18 часот вечерва во Кинотеката на Македонија ќе презентира студија за предложениот детален урбанистички план за градска четврт 3 02 – Карпош 4 – Општина Карпош – Скопје. Од иницијативата алармираат дека со нацрт-планот е предвидено градење кое многу ќе го влоши квалитетот на живот во оваа населба.

Студијата за Карпош 4 е изработена во декември 2015 година, од стручни независни лица и содржи сериозни показатели за негативното влијание на предложениот детален урбанистички план за градска четврт 3 02 врз животната средина, со анализа на еколошки и на социо-психолошки параметри, велат од иницијативата.

„Деталниот урбанистички нацрт-план има тенденција за беспотребно зголемување на нови градби и на јавни паркиралишта (потенцијално возила, загадување), на сметка на урбаното зеленило, со директен атак врз квалитетот на живеење на жителите“, велат од „Ние сме Карпош 4“.

Изработката на студијата била помогната од УСАИД, а е доставена до сите релевантни институции што одлучуваат за прифатливост на ДУП.