Дописници Академијата за убави уметности во Вевчани со седум одделенија

Академијата за убави уметности во Вевчани со седум одделенија

Академијата за убави уметности од Вевчани, промовирана ова лето, ќе реализира низа значајни проекти со кои се потврдат и афирмираат творечки зафати – од една, како и многудеценискиот богат духовен живот на вевчанци и вевчанска гордост – од друга страна. Тие се потврда за делата на вевчанските неимари и градители, кои на овие балкански простори и пошироко и во невремиња ја размножувале убавината на градбите и на животот.

Ова е заклучено на последната седница на претседателството на Академијата, која сега има седум одделенија. Нивните раководители ги презентираа проектните програми за 2015 година.

Раководителите на секциите за традиции и за култура, за книжевност и за историја, за сликарство и за скулптура, за архитектура и за градителство, за театар и за филм, за нови технологии и за информатика и секција за музика, спорт и за забава, ги изнесоа плановите за развојот на вевчанската уметност и литературата, туризмот, градежништвото и архитектурата, забавата и на спортот.

Нагласено е дека понудените проекти имаат одржлив развој на креативните потенцијали и способности, особено кај младите и талентирани луѓе што низ современи методи ќе ги унапредуваат состојбите во областа на туризмот, културното наследство и на природното богатство на Вевчани.