Свет Балкан АИ: Турција принудно протерува сириски бегалци во Сирија

АИ: Турција принудно протерува сириски бегалци во Сирија

Турција во јануари година принудно вратила многу сириски бегалци во Сирија, соопшти денеска Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенал (АИ).

Од АИ наведуваат дека по околу 100 Сиријци, кои најчесто не се регистрирани во Турција, секојдневно се протеруваат назад. Организацијата стравува дека Спогодбата меѓу ЕУ и Турција за намалување на бегалскиот бран ги доведува во опасност правата на луѓето кои бараат азил.