Македонија АХВ: Засилени инспекциски контроли на храната, акцент на новогодишните пакетчиња

АХВ: Засилени инспекциски контроли на храната, акцент на новогодишните пакетчиња

Кај некои оператори биле утврдени неправилности околу означувањето на задолжителните информации, при што недостасувале декларации на македонски јазик

该图片由PublicDomainPicturesPixabay上发布

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека нејзините инспекциски служби спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници.

Се проверува дали и колку се исполнети општите и потребните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.

Во овој период, велат од АХВ, акцент со контролите е ставен на новогодишните пакетчиња за деца, при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето.

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај новогодишните пакетчиња, но кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасувале декларации на македонски јазик.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство“, велат од АХВ, повикувајќи ги граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата лично, телефонски на бесплатниот број 0 800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.