Македонија Ахмети – Тимоние: ДУИ е решена да го продолжи партнерството со меѓународната...

Ахмети – Тимоние: ДУИ е решена да го продолжи партнерството со меѓународната заедница

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е решена да го продолжи патот на партнерство со меѓународната заедница, кој води кон интеграција во НАТО и во Европска Унија, добрососедство, добри меѓуетнички односи, економски развој и кон општествена благосостојба. Ова денеска го истакнал лидерот на партијата, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

Ахмети и Тимоние, како што соопштуваат од ДУИ, во седиштето на партијата во Тетово разговарале околу случувањата по предвремените парламентарни избори на 11 декември и за потребата од политичка стабилност и враќање на Македонија на евроатлантската агенда.

„Претседателот на ДУИ, Ахмети, истакна дека ДУИ внимателно и смирено ги следи случувањата, имајќи ги предвид секогаш интересите на граѓаните и потребата од безбедност и од стабилност во земјата. Ахмети, исто така, се осврна на платформата на ДУИ за јазична и за економска еднаквост, консензуалност, реформи и владеење на законот, како и на евроатлантската интеграција“, се вели во соопштението од ДУИ за средбата.