Македонија Ахмети со честитка за Велигден

Ахмети со честитка за Велигден

Честитка до православните верници по повод христијанскиот празник Велигден, упати претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Оваа година, празникот Велигден се одбележува со една растечка заедница на православни Албанци во Македонија, при што ја искористувам можноста да ја поздравам храброста и одлучноста на сите што одлучуваат да се вратат на националните албански корени. Верските празници ги зближуваат луѓето и го промовираат најдоброто кај човештвото и затоа се надевам дека овој дух ќе ни биде патоказ за нашето секојдневие. Ве убедувам дека сме покрај вас со братски желби за благослов во вашите семејства и посакувам овој празник да ве пречека со здравје и благосостојба во вашите фамилии“, стои во честитката на Ахмети.