Македонија Ахмети се сретна со новата амбасадорка на Хрватска

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на Хрватска

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Хрватска, Данијела Баришиќ. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, Договорот од Пржино, преговорите на работните групи, како и за меѓуетничките односи.

Ахмети оценил дека спроведувањето на договорот значи пристап на земјата кон евроатлантските стандарди и враќање на политичката и на институционалната стабилност, а поради тоа ДУИ го поддржува неговото целосно спроведување.

Ахмети ги претставил и ставовите на ДУИ во врска со специјалниот обвинител, како и потребата за законско регулирање на прислушуваните разговори за да се гарантираат фер и еднакви услови за сите учесници во политичкиот процес.

Во врска со меѓуетничките односи, Ахмети се задржал на различните ставови со политичките партии за службена употреба на албанскиот јазик и ја истакнал потребата за враќање на духот на Охридскиот договор, особено кај македонските политички партии.