Македонија Ахмети по средбата со Хан: Нема простор за одложување на изборите

Ахмети по средбата со Хан: Нема простор за одложување на изборите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека е оптмист и дека нема простор за одложување на изборите.

– Ги правиме сите напори за да дојдеме до конечно решение затоа што земјата ја очекуваат многу значајни прашања. Не мислам дека датумот е главниот проблем, туку неколку технички прашања. Сметам дека сме многу блиску до решение и до согласност од сите страни, но ќе видиме подоцна – изјави Ахмети по средбата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно одложување на изборите за еден или два месеци, Ахмети нагласи деке не смета оти има простор за тоа.

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пред средбата посочи дека остануваат на ставот да не се одложуваат закажаните предвремени избори.