Македонија Ахмети на „Фејсбук“: ДУИ ќе побара итно да се свика Собранието

Ахмети на „Фејсбук“: ДУИ ќе побара итно да се свика Собранието

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку својата фејсбук-страница најави дека неговата партија ќе поднесе иницијатива за итно свикување на Собранието.

„Последните случувања во земјата и одењето на избори на 5 јуни, без учество на ДУИ, СДСМ и на ДПА, не претставуваат почеток на решавање на политичката криза, туку на нејзино продлабочување. Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и со очекувањата на меѓународната заедница. Решението почнува со итно враќање на Собранието, така што ќе преземеме конкретни активности во оваа насока во наредните денови за овој момент да се случи што е можно поскоро и да се врати стабилноста и безбедноста како и евро-атлантската перспектива. Ги охрабрувам сите политички партии да се приклучат на нашата иницијатива за враќање во Собранието и да почнеме заеднички да ја решаваме кризата“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.