Македонија Ахмети го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите...

Ахмети го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе учествува на изборите на 5 јуни, оти не постои друга алтернатива, изјави лидерот на партијата, Али Ахмети, во интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат М“.

– Избори на 5 јуни ќе има бидејќи не постои друга алтернатива – рече Ахмети.

Тој го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го промени својот став и да „остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија“.

– Тие не треба да се самоисклучат, туку треба да бидат дел од процесот бидејќи од спротивната ситуација нема да има корист ниту СДСМ ниту нивните гласачи – изјави лидерот на ДУИ.

Ахмети, меѓу другото, рече дека во следниот период ќе има контакти со олеснувачи и со помагачи на Договорот од Пржино, додавајќи дека тој треба да се почитува, а тоа значи дека сите партии треба да се дел од процесот на одржување на изборите на 5 јуни.