Македонија Евроатлантска интеграција и реформи во судството се приоритети за ДУИ, порача Ахмети

Евроатлантска интеграција и реформи во судството се приоритети за ДУИ, порача Ахмети

„Наша цел се стабилностa и сигурностa на земјата и релаксирани меѓуетнички односи, посебно меѓу Албанците и Македонците кои се најодговорни етнички заедници, од што зависи напредокот на земјата“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг во Дебар.

Ахмети додаде дека главни приоритети на партијата се евроатланската интеграција и реформи во судството кои ги бара Европа.

– ДУИ е најсериозна партија која ги решавала и ќе ги решава проблемите не само на Албанците, туку и на помалите етнички заедници – рече Ахмети, кој е носител на кандидатската листа за пратеници во шестата изборна единица.