Македонија Ахмети: ДУИ е подготвена за компромис

Ахмети: ДУИ е подготвена за компромис

Политичките партии да ги надминат меѓусебните разлики и заеднички да се согласат за законската рамка и за името на обвинителот, порачаа денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со директорката за Западен Балкан и за проширување во британското министерство за надворешни работи, Фиона Мекилвам, и со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кои се сретна во седиштето на ДУИ.

„ДУИ е подготвена за компромис и ги повикуваме страните исто така да ги усогласат ставовите бидејќи треба да се зачува политичкиот кредибилитет на државата и да се почитуваат договорите потпишани во присуство на високите власти од Брисел и од Вашингтон. Спроведувањето на договорот го враќа изгубениот кредибилитет на институциите во земјата, го засилува нашето партнерство со евро-атланската заедница и силно нè враќа кон интегративниот пат. Денеска е моментотот на одговорноста и за политичкoто дејствување“, се наведува во соопштението од ДУИ.