Македонија Ахмети бара веродостојни избори

Ахмети бара веродостојни избори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, кој е во дводневна посета на Македонија, разговарале за самитот на НАТО што треба да се одржи на 5 јуни годинава, како и за имлементацијата на Договорот од Пржино.

– Овие избори мора да бидат веродостојни и не треба да бидат оспорувани од ниту една страна, ниту локално, ниту меѓународно. Разговаравме и околу чекорите што Република Македонија треба да ги преземе за да имаме поголеми очекувања од самитот на НАТО – рече Ахмети.

Тој рече дека денеска не било разговарано за поместување на изборите, туку само околу исполнување на задачите од страна на институциите.

– Изборите треба да бидат веродостојни, а политичките партии треба да си ја работат својата работа за да нема притисок и заплашување на гласачите – рече Ахмети.