Свет Ахмадинеџад повторно се кандидира за претседател на Иран

Ахмадинеџад повторно се кандидира за претседател на Иран

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во мај, и покрај советот од ајатолахот Али Хамнеи да не го прави тоа.

По поднесувањето на кандидатурата, Ахмадинеџад на новинарите им соопшти дека така му помага на својот некогашен потпретседател и близок соработник, Хамид Бахаеи.

Ахмадинеџад претходно изјави дека нема да се кандидира затоа што врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го советувал да не го прави тоа, но денеска рече дека тоа било само „совет“.

Се очекува сегашниот претседател на Иран, Хасан Рохани, умерен политичар кој го склучи договорот за иранската нуклеарна програма со светските сили, да се кандидира за уште еден мандат.