Свет Ахим Штајнер се кандидира за висок комесар за бегалци на ОН

Ахим Штајнер се кандидира за висок комесар за бегалци на ОН

Извршниот директор на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), Ахим Штајнер, денеска потврди дека се кандидирал за функцијата висок комесар за бегалци на ОН, јави ДПА.

– Можам да потврдам дека до генералниот секратар на ОН ја поднесов мојата кандидатура за функцијата висок комесар за бегалци на ОН – изјави Штајнер.

Кандидатура е поддржана од Германија.

Новиот висок комесар за бегалци на ОН треба да ја преземе должноста во јануари 2016 година, кога истекува вториот петгодишен мандат на актуелниот прв човек на УНХЦР, поранешниот португалски премиер Антонио Гутиереш.