Македонија АЕК: Нема да поскапат разговорите ако се спојат „Оне“ и „Вип“

АЕК: Нема да поскапат разговорите ако се спојат „Оне“ и „Вип“

Од Агенцијата за електронски комуникации најавуваат дека можното спојување на двата мобилни оператори „Вип“ и „Оне“ нема да доведе до зголемување на цената за една минута разговор.

– Очекуваме Комисијата за заштита од конкуренцијата во законски утврдениот рок да се изјасни по повод иницијативата за спојување. АЕК е подготвена за сите можни сценарија. Гарантираме дека моменталната цена од околу еден денар за една минута разговор нема да се зголеми. АЕК, како регулаторно тело, ја има моќта да ја држи таа цена под контрола и ги уверувам граѓаните дека таа цена нема да се зголеми – истакна Роберт Орданоски, директор на АЕК.