Галерија Адреналински одмор на височина од 120 метри

Адреналински одмор на височина од 120 метри

Атлетската група од Јута, „Моан манки“, очигледно нема проблем со височините и со адреналинот. Тие неодамна поставија рачно изработена мрежа над кањонот во близина на Моаб, Јута. Шеесетметарската мрежа ја поставиле на височина од околу 120 метри за на неа да се релаксираат и од неа да изведуваат падобрански скокови.