Македонија Адеми: Владата следниот вторник ќе расправа за државниот испит за студентите

Адеми: Владата следниот вторник ќе расправа за државниот испит за студентите

Следниот вторник, на седница, Владата ќе го разгледува прашањето за воведување државен испит за студентите, рече на денешната прес-конференција министерот за образование, Абдилаќим Адеми.

– Доколку Владата одлучи да има државен испит, ќе се утврди предлог, како и предлози за други закони кои се однесуваат на реформата на педагошките факултети, ќе биде отворена јавна расправа во траење од две-три недели, па повторно МОН ќе ја информира Владата со посебен извештај за дебатата и за предлозите кои, евентуално, би стигнале до Министерството, а Владата ќе одлучи кои од нив ќе ги прифати. Понатаму ќе се утврдат како текстови и ќе се проследат во Собранието – рече Адеми.