Македонија Адеми: Кога ќе утврдиме модел, ќе разговараме со студентите

Адеми: Кога ќе утврдиме модел, ќе разговараме со студентите

Наредните денови ќе се разгледува информацијата на Министерството за образование за проектот државен испит, истакна денеска министерот Абдилаќим Адеми.

– Не успеавме да дискутираме поради голем број точки. Се надевам дека деновиве ќе има продолжение на седницата и ќе се дискутира за пакетот закони кои МОН ги достави до Владата како нацрт-закони. Тука се законите за педагошката реформа која ја најавивме пред неколку месеци, а, исто така, и измените и дополнувањата на Законот за високо образование што се однесуваат на државниот испит – изјави Адеми.

Адеми вели дека ги разбира студентите, но вели дека сè уште нема утврдено ни модел, ни концепт за државен испит.

– Кога ќе го утврдиме, ќе го дискутираме и со нив. Ако има издржани аргументи, ќе ги прифатиме, но заедничка цел и на студентите и на Владата е подобрување на квалитетот на високото образование – рече Адеми.