Македонија Со организиран авиопревоз денеска се враќаат граѓани од Малта и од Хрватска

Со организиран авиопревоз денеска се враќаат граѓани од Малта и од Хрватска

Архива „Мета“

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство денес организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

„Враќањето беше организирано со летови на авиопревозникот Визер, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата“, стои во соопштението на МНР.

Се додава дека на овие летови ќе бидат превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово, како и дека им се заблагодарува на надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет во овие отежнати околности.

„МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани, без регулиран престој во странство“, стои во соопштението.