Култура 80 книги пристигнале на конкурсот на ДПМ

80 книги пристигнале на конкурсот на ДПМ

80 дела пристигнале на конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија.

Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите, според конкурсот, треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени во февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писатели на Македонија.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели.