Македонија 8 Септември е неработен ден

8 Септември е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември (четврток), кога се прославува Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.