Економија 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори

72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори

Македонија лани во декември потрошила вкупно 824.591 мегават-часови електрична енергија, 28,117 милиони кубни метри природен гас, 782.427 тони јаглен и 97.408 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според податоците, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.