Дописници 62 години од првиот лет на охридскиот аеродром

62 години од првиот лет на охридскиот аеродром

В недела, на 5 јули, навршуваат 62 години откако беше изведен првиот промотивен лет на охридскиот аеродром, реализиран од тогашната југословенска авиокомпанија ЈАТ.

Во меѓувреме, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ прерасна во модерено воздушно пристаниште, сега под раководство на „ТАВ Македонија“.

Истовремено, „ТАВ Македонија“ годинава одбележува пет години од преземањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

На почетокот на неделава беше промовирана најновата авионска линија помеѓу македонскиот туристички бисер и швајцарскиот град Базел.

Авиокомпанијата „Виз ер“ ќе лета на релацијата Базел-Охрид-Базел двапати неделно.