Македонија Времето променливо облачно, попладне дожд

Времето променливо облачно, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура се движеше од 4 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 14 до 24 степени.

Во Скопје облачно време, со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.