Економија 4.500 должници на новата листа на УЈП

4.500 должници на новата листа на УЈП

На најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи се наоаѓаат повеќе од 4.500 граѓани, фирми и јавни претпријатија.

Станува збор за долгови доспеани до 31 декември минатата година, а кои не биле платени до 31 март годинава за ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На најновата листа меѓу должниците се појавуваат повеќе јавни претпријатија, но и повеќе општински комунални претпријатија, државни загубари и фирми под стечај.