Свет 250.000 животни построени за колење во Непал

250.000 животни построени за колење во Непал

На последниот фестивал кој се одржал во 2009 година, повеќе од 250.000 животните биле убиени

Повеќе од 250.000 животните се построени за колење во Непал каде што се одржува дводневен верски фестивал на кој биволи, птици и кози се жртвуваат за да се смири хинду-божица.

Милиони хиндуси ќе присуствуваат на церемонијата, која се одржува на секои пет години во храмот на Гадџимаи, божицата на моќта, во Баријарпур, во близина на индиската граница.

На последниот фестивал кој се одржал во 2009 година, повеќе од 250.000 животните биле убиени, соопшти организацијата за права на животните ПЕТА, која води кампања да се стави крај на оваа практиката.