Македонија 19-годишно момче почина на плажата Градиште

19-годишно момче почина на плажата Градиште

Деветнаесетгодишно момче починало вчера попладне на плажата Градиште, кај Охрид.

На самото место интервенирала и брза помош, но не можело да му се помогне и била констатирана смрт.

На телото на момчето немало траги на насилство.

Се очекува СВР од  Охрид денеска да излезе со повеќе детали за настанот и да го открие идентитетот на несреќното момче.