Свет 18 жртви на Боко харам во Нигерија

18 жртви на Боко харам во Нигерија

Припадниците на екстремистичката група Боко харам убија 18 лица на североистокот на Нигерија, соопштија нигериските власти.

Нападот е извршен ноќта помеѓу четвртокот и петокот на границата со Камерун, а екстремистите со ножеви ги убивале жртвите.

Нападот го потврди и претставникот на цивилните сили.

Зачестеноста на нападите се зголеми во последните неколку месеци, при што убиени се 172 лица.