Свет 150 лица загинаа во судири во Јужен Судан

150 лица загинаа во судири во Јужен Судан

Во Џуба, главниот град на Јужен Судан, во судири меѓу владините сили и припадници на бунтовнички групи, кои траат два дена, загинаа 150 лица. Како што јавуваат светските агенции, судирите почнале во реонот околу претседателската палата, а потоа се рашириле во повеќе делови на градот.

Во времето кога почнале борбите, во претседателската палата се одржувал состанок меѓу претседателот на Јужен Судан, Салва Киир, и неговиот заменик и поранешен лидер на бунтовниците, Риек Мачар.

Новите судири во Јужен Судан ги осуди генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој ги обвини двете страни за „недостиг од сериозен однос кон мировниот процес“.