Македонија 15-годишник осомничен за напад на средношколец во Тетово

15-годишник осомничен за напад на средношколец во Тетово

Ministria e punëve të brendshme

15-годишен малолетник од Тетово е осомничен дека вчера, околу 16 часот, во Тетово, во поранешното Средно медицинско училиште, прободел со нож ученик по тепачка помеѓу две групи, информираат од МВР.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар – Скопје, каде е задржан за понатамошно лекување.

„15-годишниот малолетник со неговиот родител вчеравечер бил повикан во ПС Тетово, а нешто подоцна, во неговиот дом, пронајден е ножот за кој се претпоставува дека го употребил во тепачката. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР