Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Mожна е изолирана појава на врнежи во крајните западни планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 29 степени.