Македонија 1 и 2 мај се неработни денови

1 и 2 мај се неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 1 мај (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија и 2 мај 2016 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.