Главна секција Јавни претпријатија и општини должат милиони неплатен данок

Јавни претпријатија и општини должат милиони неплатен данок

Голем број јавни претпријатија и неколку општини се најдоа на новата листа должници што ја објави Управата за јавни приходи за долгови доспеани до октомври, минатата година и неплатени заклучно со крајот на јануари, годинава.

Станува збор за листа на кој се објавуваат долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување и други давачки.

Најголем должник меѓу јавните претпријатија објавени на листата на УЈП е „ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта“ со вкупен долг од 235 милиони денари или околу 3,8 милиони евра. „Јавното комунално претпријатие – Тетово“ должи 133 милиони денари (2,1 милиони евра), а „ЈП за за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата“ должи 51 милиони денари или околу 834.000 евра.

„Јавното претпријатие Биљанини извори-Охрид“ должи 27 милиони денари (444.000 евра), а „Национални шуми“ должи 23 милиони денари или околу 383.000 евра.

Меѓу должниците се најдоа и две радиодифузни претпријатија. „Македонска радиотелевизија“ должи 15,1 милиони денари или 245.000 евра додека „ЈП Национална радиодифузија“ има долг кон УЈП од 25 милиони денари или 407.000 евра.

Меѓу општините, скопската општина Карпош има најголем долг од 31 милиони денари (51.000 евра), општина Охрид должи 1,8 милиони денари или околу 29.000 евра, а општина Дојран должи 436.317 денари (7.000 евра).