Македонија Министерството за одбрана го коригираше конкурсот, есејот за НАТО може да се...

Министерството за одбрана го коригираше конкурсот, есејот за НАТО може да се напише и на албански

Министерството за одбрана го коригираше конкурсот за учениците од средните училишта за есејот, само на македонски и англиски јазик, со наслов „НАТО и јас“, по повод 70 годишнината на создавањето на НАТО и пред пристапувањето на Северна Македонија во овој воен сојуз известува „Порталб.мк“.

Конкурсот, првично предвидуваше есеите да се пишуваат само на англиски и на македонски јазик, но по телефонски разговор на новинарот на „Порталб.мк“ со претставници на Министерството за одбрана, тој дел го избришале и го продолжиле рокот на конкурсот за пет дена.

„Го регулиравме тоа, и сега секој ученик може да прати есеј на свој мајчин јазик, а за да не му се скрати никому правото, рокот за доставување есеи го продолживме за 5 дена, односно до 4 април”, изјавија за „Порталб.мк“ од Министерството за одбрана.

За овој случај вчера реагираше Алијансата за Албанците, која го обвини Министерството дека не го спроведува албанскиот јазик.

„Министерството го игнорира и го прекршува Законот за албанскиот јазик носејќи одлука дека оваа активност и авторите на есеите треба да бидат само на македонски јазик. Неспроведувањето на законот и игнорирањето на албанскиот јазик во овој случај укажува дека Северна Македонија продолжува со стариот менталитет и не докажува дека има искрена цел да ги почитува и да им се придружи на демократските земји каде се пренесува рамноправноста и правдата за сите“, обвинуваат од Алијансата за Албанците.