Македонија Зврлевски: Никој од мене не побарал да отфрлам кривична пријава

Зврлевски: Никој од мене не побарал да отфрлам кривична пријава

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ во врска со некаков разговор во кој е споменато моето име, рече денеска јавниот обвинител Марко Зврлевски.

– Јас, како јавен обвинител, немам постапувано по предмет во којшто како пријавено лице се појавува министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од мене никој нема побарано да отфрлам кривична пријава. За сите предмети за кои е отфрлена кривична пријава се известува оштетениот, односно подносителот на пријавата, и тој има право да поведе постапка пред суд или да поднесе жалба до повисокиот обвинител  –  тврди Зврлевски.

Тој додава дека јавните обвинители кои постапуваат по предмети по кривични пријави биле апсолутно независни, сами ја носеле својата одлука и во конкретен предмет на нив не можело да се влијае со никаква молба, препорака или со укажување.