Македонија Зимската служба на Скопје до сега фрлила 455 тони сол

Зимската служба на Скопје до сега фрлила 455 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатите часови ги поминале сите булевари и улици што се во нивна надлежност, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, информираат од градската администрација.

Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени биле 455 тони индустриска сол.

„И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите“, се вели во соопштението.

Од Град Скопје потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и поголемите градски улици, а дека другите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.