Свет Свет Зимска бура го погоди југозападот на САД

Зимска бура го погоди југозападот на САД

Во делови на Калифорнија вчера заврна снег, а задоцнетата зимска бура погоди и други делови од југозападот на САД.

Во Сиера Невада, снегот почнал да паѓа во петокот вечерта, а скијачките центри известиле за снежна покривка во висина од 30 до 46 сантиметри на планините.

До понеделник би можеле да наврнат и до 30 сантиметри снег по периодот на суво време, поради кое некои скијачки центри размислуваа за затворање.

Во меѓувреме, централниот и севернот дел на Ново Мексико, во петокот и во саботата, забележаа рекордна снежна покривка, а нови врнежи од снег се очекуваат и наредните денови.

Во државите Мисури, Илиноис, Индијана и Канзас е забележана мешавина од замрзнат дожд и снег.
Бранот арктички воздух предизвикал рекордно ниска температура и во Ајова.

Во Мејсон Сити, во петокот забележани се минус 18 Целзиусови степени, со што е срушен рекордот стар 115 години, кога биле измерени минус 12 степени.

Во другите делови на земјата откажани се многу авионски летови поради мраз на пистите.
Во Тексас, поради замрзнат дожд, откажани се 1.000 летови од меѓунардониот аеродром во Далас.

Метеоролозите предвидуваат дека зимската бура во централните и во јужните делови на државата би можела до понеделник да донесе 120 сантиметри снег.