Хроника Жител на Визбегово ранет со пиштол

Жител на Визбегово ранет со пиштол

Ноќеска, во 1.15 часот по полноќ во полициската станица во Велес медицинско лице од општата болница во градот пријавило дека кај нив било донесе лице со повреда од огнено оружје.

Како што информираат од полицијата, станува збор за 42-годишниот З.Б. од село Визбегово, кој имал рана во десната потколеница нанесена од огнено оружје, односно пиштол.

Како итен случај тој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.