Хроника Жител на Џепчиште осомничен за кражба на дрва

Жител на Џепчиште осомничен за кражба на дрва

Шумските полицајци, според пријавата со лажирање на записник, си присвоиле џип

Триесет и шестгодишен жител на тетвоското село Џепчиште заработил кривична пријава, откако со трактор натоварен со дрва за огрев, завчера ù побегнал на полициската патрола, која се обидела да го запре и да изврши контрола на товарот.

Против С.М. е поднесена пријава за кражба, а двајца негови соселани се товарат за спречување на службено лице во вршење на службено дејство. Како што информираат од СВР Тетово, во средата, нивна екипа, на раскрсницата меѓу селата Џепчиште и Порој, се обидела да запре трактор натоварен со огревно дрво, но возачот, штом ги забележал, ја зголемил брзината и продолжил кон Џепчиште.

Полициската екипа по кратко време го нашла тракторот паркиран во двор од куќа во селото, а при обидот да го приведат возачот биле спречени од остантите двајца осомничени.