Македонија Жичницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 17 часот

Жичницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 17 часот

Ова работно време ќе се применува до март следната година

Фото: Антонија Поповска/Meта.мк

Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) извести дека од утре, 1 ноември, жичницата на Водно ќе работи во зимски режим, односно од 10 до 17 часот.

Во период 16-16.30 часот ќе биде последното возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Ова работно време ќе се применува до март следната година.

И понатаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на жичницата.